Правила за одмрзнување и чување на замрзнатото месо

Грижата за безбедноста на храната има примарно значење за секоја компанија бидејќи директно влијае на заштитата на потрошувачите. Но, многу е важно и самите потрошувачи да ги познаваат начините за чување и користење на замрзнатите производи, со оглед дека од тоа зависи како безбедноста на храната, така и задржувањето на хранливите вредности на истата. Одмрзнување на месото во фрижидер е најбезбедниот начин на употреба на замрзнати производи. Оваа постапка е лесна и често практикувана, затоа што во фрижидерот храната се чува на безбедна температура. Одмрзнувањето на месото во фрижидер е идеален начин доколку сакате да подготвите ручек или вечера за целото семејство, но во истиот момент сте ангажирани и со други домашни обврски. Друг начин е со поставување на нераспакуван пакет или ќеса во ладна вода, а уште еден е во микробранова печка, при што месото треба да се стави во бела и чиста керамичка чинија. Но, значајно е да се потенцира дека со ваквиот начин на одмрзнување е неопходно месото веднаш да се подготви…

https://slogainternational.com