Велигденска донација од 600 пакети со прехранбени производи за семејства во социјален ризик

По повод велигденските празници, дониравме 600 пакети со прехранбени производи наменети за семејствата кои се во социјален ризик. Донацијата што се состоеше од замрзнати месни производи и зеленчук беше распределена низ повеќе градови од државата, Кавадарци, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово, Неготино, Демир Капија, Прилеп како и околните села.

Поради пандемијата со Ковид-19 многу семејства го изгубија изворот на егзистенција и помошта за нив беше главната причина за оваа донација, покрај желбата којашто е во духот на овој голем празник. 

https://slogainternational.com