Слога Пром
Успешната семејна бизнис приказна Слога Пром започна да се развива во 1990 година од Кавадарци каде и денес е лоцирана.
Нашата компанија
Успешната семејна бизнис приказна Слога Пром започна да се развива во 1990 година од Кавадарци каде и денес е лоцирана. Градењето на Слога Пром се потпира на единствената цел – да внесеме на пазарот избор од вкусна, здрава и лесна за подготовка, замрзната храна. Преку главната дејност – трговија на големо и мало, увоз и дистрибуција на прехранбени производи и со пуштањето во употреба на погонска единица за препакување на замрзнати производи, Слога Пром стана компанија препознатлива во овој сектор по системот за управување со квалитет и новосоздадениот бренд „Слога”.
Почетоците на создавање на компанијата првенствено беа со целосен ангажман на помал број вработени, а со секоја нова инвестиција или зголемување на обемот на работа, пропорционално растеше и нивниот број, за денес да изнесува 120 вработени.
Слога Пром низ годините создаде богато и разновидно портфолио, пред сè исполнето со сето она што е потребно на пазарот, барано од потрошувачите и според нивните желби и потреби. Според различните преференции, нуди пакувани производи под брендот Слога кои вклучуваат риба, пилешко, свинско и говедско месо.
Слога Пром денес претставува модерна компанија на пазарот во Северна Македонија што работи за задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна, здрава и безбедна замрзната храна.
Мисија и визија
Од основањето на Слога Пром се развива водена од мисијата – со континуиран развој во чекор со најновата современа технологија, создавање и доставување квалитетни и загарантирано безбедни производи со цел успешно координирање помеѓу потребите на потрошувачите и добавувачите.
Се уште актуелната динамична визија на компанијата е производите на Слога Пром да бидат првиот избор на секоја семејна трпеза, затоа што компанијата расте и се развива во чекор со новите трендови, а сепак верни на традицијата.
Производствени капацитети и инвестиции
Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога е приближно петнаесетина, со годишен капацитет од околу 3 500 тони препакувана роба. Исто толку разновидна е понудата и од рефусни производи (пилешко, свинско, јунешко месо, риба, помфрит, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла), со што понудата вклучува околу 160 производи. Активното портфолио континуирано се проширува со она што недостига на пазарот и што е барано од купувачите и соодветно се зголемува и бројот на нови производи.
Покрај застапеноста на производите на Слога Пром на домашниот пазар, согласно развојната стратегија компанијата активно работи на проект за пласман на производите и во земјите во регионот, што значи дека во иднина ќе се промовира и како извозно ориентирана компанија.
Како резултат на брзорастечкиот процес и големата побарувачка на пазарот во земјата, во 2017 година беше пуштен во употреба новиот капитален објект – ладилник со јавен царински склад. Објектот е составен од три дела, односно 4700 м2 расположлива површина. Ладилникот содржи комори кои функционираат на температурен режим од +4 до -25 степени целзиусови, со голем капацитет за складирање замрзната и разладена роба, со што вкупниот складишен капацитет е 5000 палетни места.
Слога Пром, покрај инвестирањето во капитални објекти и човечки ресурси, истовремено инвестира и во нови технологии, опрема и зголемување на возниот парк во согласност со потребите и побарувачката на пазарот.
Последен новитет од компанијата се новите, модерно дизајнирани пакувања за делот пилешки и рибни производи од брендот Слога.
Поместувањето на границите во категоријата во која работи отсекогаш бил приоритет во корпоративната стратегија на Слога Пром. Постојаното воведување нови производи според барањата на пазарот прават брендот Слога да биде прв избор на потрошувачите. Во таа насока е и воведувањето нов дизајн на пакувањата, со што компанијата се оддалечи од индустрискиот изглед што преовладува во овој сегмент производи на пазарот, а воедно додава и модерен, современ изглед, повисок стандард и визуелен идентитет.
Докажан квалитет
Низ годините следејќи ги во континуитет најновите европски и светски трендови од нашиот сектор, Слога Пром доследно ги примени и воведе HACCP и GS1 стандардите за декларирање и означување на производите, а пак, ефикасноста и навремената дистрибуција се едни од главните предности што ја карактеризираат компанијата и придонесуваат за задоволување на потребите на современиот потрошувач.
Комерција
Слога Пром има развиено сопствена широка дистрибутивна мрежа низ Република Северна Македонија. Поради големиот интерес и со цел брзо и навремено задоволување на потребите на купувачите, секторот за комерција е во постојана комуникација со актуелните и потенцијалните партнери и соработници со што се овозможува поголема достапност на производите на Слога Пром во делови од државата.
Општествена одговорност
Работата на компанијата има поголемо и пошироко значење од примарната функција и обезбедувањето економски развој на заедницата. Големината и значењето на една компанија се гледа во општествениот ангажман и во пренесување на корпоративните вредности на заедницата и граѓаните за и тие да ги почувствуваат придобивките од работењето на компанијата. Затоа, враќањето на заедницата е од исклучителна важност за Слога Пром. Преку нашата општествено одговорна практика, создаваме придобивки за пошироката заедница и за граѓаните и токму оваа функција е една од најважните за Слога Пром. Со таквата компаниска политика, ние создаваме подобри услови за нашите вработени, за семејствата, за нашите сограѓани и за сите што сме дел од оваа заедница, град, општина и држава.
Општествената одговорност е во суштината на нашето работење и затоа делуваме во повеќе важни сфери од општеството: спортот, културата, образованието и социо-економскиот сегмент. Се стремиме кон што е можно поширок опсег и влијание во подобрување на сликата на заедницата и низ годините успеавме да развиеме активен и ангажиран однос со цел подобрување на условите и состојбите еднакво за сите.
Редовно поддржуваме проекти што се од јавен интерес и од важност за општественото живеење како на локално така и на национално ниво.
Имаме долгогодишна соработка со Банката за храна во Кавадарци, преку којашто континуирано донираме производи од нашиот асортиман за семејства и поединци во социјален ризик.
Во делот на спортот, активни поддржувачи сме на фудбалскиот клуб ГФК Тиквеш Кавадарци и на ракометниот клуб ГРК Тиквеш Кавадарци.
Ја поддржуваме и културата и придонесуваме за заживување на истата. Како една од нашите активности во овој дел се истакнува спонзорството на Меѓународна ликовна колонија „Кавадарци – Михајлово“ и Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“-Битола.
Активни сме во поддршката и помагањето на верските храмови. Од наша страна доделени се донации за изградба на повеќе црковни објекти низ Тиквешијата и за изградба на црквата Св. Петка во Кавадарци.
Тиквешкиот гроздобер претставува продолжување на една долга и богата традиција посветена на виното. Оваа најзначајна стопанско-културно-туристичка манифестација со години наназад е поддржувана од Слога Пром.
производи - СЛОГА ПРОМ
Слога Пром - Ваш партнер и пријател
доколку имате потреба од повеќе информации
контактирајте со нас...