Модерни пакувања на производите на „Слога Пром“

Производите „Слога Пром“ во продавниците ширум земјава наскоро ќе бидат во ново, модерно дизајнирано пакување. Секој производ од широката палета на внимателно замрзнатото месо сега имаат нов визуелен идентитет, со амбалажа  специфична по боја и дизајн, најавија од компанијата.

Новата амбалажа согласно стандардите за пакување на овој тип производи е со исклучителен квалитет и издржливост при ниски температури, бидејќи ниската пропустливост на топлина и светлина е особено важна за замрзнатите производи. 

Подобрувањето на производите и поместувањето на границите на категоријата во која работиме отсекогаш бил приоритет во корпоративната стратегија на „Слога Пром“. Континуираното подобрување во работењето и постојано воведување нови производи според барањата на пазарот прават да бидеме прв избор на потрошувачите. Во таа насока е и воведувањето нов дизајн на пакувањата, со што се оддалечивме од индустрискиот изглед што преовладува кај овој вид производи на пазарот, и додадовме повеќе бои и модерен дизајн на кој инаку не сме навикнати за месото и производите од риба. Со новиот изглед на амбалажата продолжуваме да ја следиме нашата поставена визија за инвестирање и следење на трендовите и барањата на потрошувачите, вели Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на „Слога Пром“.

„Слога Пром“ од Кавадарци над 30 години е присутна на македонскиот пазар. Пакуваните производи под брендот Слога вклучуваат риба, пилешко, свинско и говедско месо, со годишен капацитет од околу 3.500 тони. Разновидна е и понудата од рефусни производи како пилешко, свинско и јунешко месо, риба, помфрит, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла.

https://slogainternational.com