Мисија и визија

Од основањето на Слога Пром се развива водена од мисијата –  со континуиран развој во чекор со најновата современа технологија, создавање и доставување квалитетни и загарантирано безбедни производи со цел успешно координирање помеѓу потребите на потрошувачите и добавувачите.

Производствени капацитети

Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога е приближно петнаесетина, со годишен капацитет од околу 3 500 тони препакувана роба. Исто толку разновидна е понудата и од рефусни производи...

Докажан квалитет

Низ годините следејќи ги во континуитет најновите европски и светски трендови од нашиот сектор, Слога Пром доследно ги примени и воведе HACCP и GS1 стандардите за декларирање и означување на производите, а пак, ефикасноста и навремената дистрибуција се едни од главните предности...  

СЛОГА ПРОМ

Богатсвото на Вашата трпеза е Наша грижа

Совршен оброк во секое семејство

Нашата КОМПАНИЈА

Успешната семејна бизнис приказна Слога Пром започна да се развива во 1990 година од Кавадарци каде и денес е лоцирана. Градењето на Слога Пром се потпира на единствената цел – да внесеме на пазарот избор од вкусна, здрава и лесна за подготовка, замрзната храна. Преку главната дејност – трговија на големо и мало, увоз и дистрибуција на прехранбени производи и со пуштањето во употреба на погонска единица за препакување на замрзнати производи, Слога Пром стана компанија препознатлива во овој сектор по системот за управување со квалитет и новосоздадениот бренд „Слога”.

Почетоците на создавање на компанијата првенствено беа со целосен ангажман на помал број вработени, а со секоја нова инвестиција или зголемување на обемот на работа, пропорционално растеше и нивниот број, за денес да изнесува 120 вработени.

СЛОГА-ПРОМ

производи

Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога е приближно петнаесетина, со годишен капацитет од околу 3 500 тони препакувана роба. Исто толку разновидна е понудата и од рефусни производи (пилешко, свинско, јунешко месо, риба, помфрит, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла), со што понудата вклучува околу 160 производи. Активното портфолио континуирано се проширува со она што недостига на пазарот и што е барано од купувачите и соодветно се зголемува и бројот на нови производи.

комерција

Слога Пром има развиено сопствена широка дистрибутивна мрежа низ Република Северна Македонија. Поради големиот интерес и со цел брзо и навремено задоволување на потребите на купувачите, секторот за комерција е во постојана комуникација со актуелните и потенцијалните партнери и соработници со што се овозможува поголема достапност на производите на Слога Пром во делови од државата.  

инвестиции

Како резултат на брзорастечкиот процес и големата побарувачка на пазарот во земјата, во 2017 година беше пуштен во употреба новиот капитален објект – ладилник со јавен царински склад. Објектот е составен од три дела, односно 4700 м2 расположлива површина. Ладилникот содржи комори кои функционираат на температурен режим од +4 до -25 степени целзиусови, со голем капацитет за складирање замрзната и разладена роба, со што вкупниот складишен капацитет е 5000 палетни места.

Општествена одговорност

Општествената одговорност е во суштината на нашето работење и затоа делуваме во повеќе важни сфери од општеството: спортот, културата, образованието и социо-економскиот сегмент. Се стремиме кон што е можно поширок опсег и влијание во подобрување на сликата на заедницата и низ годините успеавме да развиеме активен и ангажиран однос со цел подобрување на условите и состојбите еднакво за сите.

повеќе од 30 години со Вас

НОВИТЕТИ СЛОГА ПРОМ

Што објавуваат медиумите за Нас? , Нутристичка едукација за Нашите производи, Предлог рецепти за Вашата трпеза

Дали сте подготвени за соработка